Полициски билтен:потешко повреден возач во сообраќајка, тројца возеле без возачка дозвола
Во претрес во Струмица пронајдена дрога, приведен дилер

Утрово во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага.
Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.