„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Комуналец“ исчисти дива депонија на патот кон Цареви Кули, создадена по акцијата „Чисти ридови за сите“
ЈПКД „Комуналец“ Струмица секојдневно се бори,апелира, укажува дека е потребно да се подигне еколошката свест кај граѓаните за подобра и почиста животна среднина. И покрај можноста да се пријави отпадот на тел број 13-110 и истиот да биде подигнат од дворот на домаќинствата, некои наши граѓани се глувонеми и неписмени, безмилосно го истураат отпадот насекаде уништувајки ја животната средина, поништувајки ја нашата работа и ангажманот на многу групи и здруженија на граѓани кои работат за почиста животна средина, објавија денееска од струмичкото комунално претпријатие.
-Како потврда на горонаведеното ЈПКД „Комуналец“ исчисти новонастаната депонија на патот кон Царевите кули. Повторуваме дека на телефонскиот број 13-110 кој работи 24 часа 7 дена во неделата сите граѓани моќат да го пријават својот отпад кој според обемот на работата ќе биде подигнат од дворот, стои во објавата на „Комуналец“.
-Да престанеме да фрламе ѓубре насекаде за да можеме да добиеме почиста животна средина, апелираат од комуналното претпријатие.