Во Радовиш се одржа Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“
Од 15 до 17 овој месец во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“.
Фестивалот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Фолклорниот ансмбл „Китка“.
Во манастирскиот комплекс „Свeти Ѓоргија“, по осумнаесетти пат беше одржан меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“, а учествуваа вкупно 18 фолклорни ансамбли од земјата и странство.
Првото место го освои КУД „Китка“ од Истибања а Гран при наградата му припадна на КУД „Бојмија“ од Гевгелија“.