Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Струмица Никоб со десетта шампионска титула
Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва во салата „Парк“ ја освоија десеттата шампионска титула. Во третиот натпревар од финалната серија го совладаа ГОК „Борец“ од Велес со 3:0 (25:18, 26:24 и 25:19) и во клубските витрини го донесоа вкупно 19 освоениот трофеј, десет пати шампион и 9 пати освојувачи на купот.
Во претходните два натпревари од финалната серија Струмица Никоб победи со 3:0 и 3:1 во Велес.
Првата шампионска титула струмичките одбојкари ја освоија во 1993 година под тогашното име Струмица Генекс Инженеринг.