fbpx

Струмица се збратими со бугарската општина Крџали

 Струмица се збратими со  бугарската општина Крџали

-Лесно е да се говори со јазикот на омразата. Напротив, ние денес разговаравме на вистинскиот начин кој нѐ води напред.Струмица од денес е побогата за уште една збратимена општина!Со мојот колега, Хасан Азис, градоначалник на Општина Крџали од Република Бугарија потпишавме меморандум за збратимување на двете општини кои ги предводиме, објави струмичкиот градоначалник.

-Овој чекор е пример како во пракса се гради и развива добрососедството – преку кооперативност, труд, работа и пред сé – доверба, нешто кое денес безрезервно го демонстриравме. Уверен сум дека долгогодишните политики и практики на општина Струмица во соработката со општини од Бугарија базирани токму на овие принципи и понатаму ќе продолжат да резултираат со успех. Доказ за тоа се и досега успешно реализираните, голем број Европски проекти, направени за доброто на сите граѓани, независно од која страна на границата живеат. Благодарност на мојот Домаќин за гостопримството и верувам дека во ваков манир ќе чекориме заеднички и кон прогрес!, напиша Костадинов.

Share via
Copy link