fbpx

Полициски билтен:малолетници каснати од куче во Марвинци, физички напад во Пирава

 Полициски билтен:малолетници каснати од куче во Марвинци, физички напад во Пирава

На 27.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово, З.С.(48) од село Марвинци, валандовско, пријавил дека во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во 09.15 часот и С.С.(51) од село Марвинци пријавил дека на игралиштето во училиштето во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.04.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Валандово, В.Г.(74) од село Пирава, валандовско, пријавил дека околу 14.00 часот во село Пирава бил физички нападнат од Д.Т.(27) од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link