fbpx

Почнаа Малите олимписки игри за учениците од основните училишта

 Почнаа Малите олимписки игри за учениците од основните училишта

Денеска во спортските сали и терени во Дојран, Богданци и Валандово почнаа малите олимписки игри за учениците од основните училишта.

Денеска и утре ќе се натпреваруваат 500 ученици од 40 училишта во пет спортски игри-кошарка, ракомет, одбојка, фустал и фудбал во машка и женска конкуренција.

Игрите за отворени во спортската сала „Млаз“ во Богданци ги прогласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, а учесниците ги поздрави и Александар Туфекчиевски, претседател на Федерацијата на училишен спорт.

На натпреварите кои се одржуваат во Дојран, пехарите на најдобрите им ги врачи градоначалникот Анго Ангов.

Share via
Copy link