КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Поставени садови за собирање отпадни батерии во општински институции во Струмица
Од денеска во институциите кои се под надлежност на општина Струмица, како и основните и средните училишта, се воспостави организиран систем за собирање на отпадни батери преку поставување садови во соработка и партнерство со „Нула отпад“, соопштија од Општина Струмица.
Садовите за собирање на отпадни батерии се поставени во дваесет и пет институции низ општината.
-Со ова се прави значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина. Ова ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигањето на јавната свест. Заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да мотивираме повеќе луѓе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад, стои во објавата од Општината.