Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Вицепремиерката Грковска на средба со ученици од СОУ „Јане Санадански“
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.
Целта на настанот на кој присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица и претставници на општина Струмица, беше промоција на политиките за добро владеење поврзани со младите, кои се одвиваат под слоганот „Зависи од мене и тебе“.
Вицепремиерката Грковска и учениците имаа отворена дискусија на темите: чесност, интегритет и лична одговорност, а во насока на градење подобро општество и справување со штетните појави, како што се корупцијата и насилството.