„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Доизграден и опремен конакот на црквата „Свети Стефан“ во Конче
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успешно ги заврши активностите за доизградба и опремување на конакот во Манастирската црква „Свети Стефан“ во општина Конче, во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда на Југоисточниот плански регион“, информираа денеска од Центарот.
Во текот на реализацијата на овој проект беа преземени градежни зафати со кои беше доизграден манастирскиот конак Свети Спас и истиот беше опремен со кујна, мебел и друга неопходна опрема, која направи оваа место да добие пријатен амбиент и да добие изглед на уредено место кое плени со своето природно опкружување и духовна вредност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 5.800.000,00 денари, а средствата се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој и Општина Конче.
Со имплементацијата на овој проект општина Конче ќе се најде на мапата на манастирски туристички места кое ќе го привлечат вниманието на овој вид на туристи. Овој успешно завршен проект ќе допринесе кон подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот регион и ќе ја засили позицијата на општината Конче како како општина со богато културно и религиозно наследство.