fbpx

Реакција на градоначалникот Костадинов:Ставам ништовност и вето за невладините кои се занимаваат со моето право на верување во Бога

 Реакција на градоначалникот Костадинов:Ставам ништовност и вето за невладините кои се занимаваат со моето право на верување во Бога

-Не ја разбирам потребата на одредени невладини организации да се занимаваат со моето човеково право на верување во Бога, не разбирам зошто истото им пречи.Јас сум човек кој има разбирање за сите, но со сигурност не и за нив.Иако без ниту еден кажан збор, сум мета на одредени индивидуи, јас сум човек растен во духот на Христијанството и ќе простам.После неколку пати толеранција доведен сум до степен да си ја заштитам мојата Струмица, моите струмичанки и струмичани.Побарав извинување за навредените богољубиви граѓанки и граѓани на Струмица и не го добивме, денеска повторно по ФБ статуси, по коментари сме навредувани, омаловажувани како луѓе и тоа нема да помине, реагираше Костадинов на фејсбук.

-Од утре како градоначалник со целото мое законско право ставам ништовност на секој меморандум на таквите невладини организации и Вето доколку било каков допис стигне до општината од нивна страна!Кога е Струмица во прашање нема компромиси, се работи за нашите деца, нашите внуци, станува збор за сите нас!Еднаквите можности помеѓу жените и мажите во Струмица се посилни од кога било!, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link