Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Општина Струмица со 300 илјади денари ќе помогне на Општина Делчево за последиците од невремето
Со 300 илјади денари општина Струмица ќе ја помогне општина Делчево во справувањето со последиците од невремето.
Оваа одлука денеска беше донесена на 24-та седница на Советот на општина Струмица, на која советниците усвоија и други одлуки и решенија од повеќе области.
Беа прифатени предлог решенијата за именување на вршител на должност член на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“, за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор и вршители на должност членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица.
На Советот беше усвоен Извештајот за работата на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за првите три месеци од оваа година, Статутот на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица, Предлог – Одлуката за усогласување на Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Струмица за 2023 година согласно Законот за еднaкви можности на жените и мажите и Предлог- Одлуки од областа на урбанизмот.