fbpx

Двоен зијан – ем без реализирани инвестиции, ем ќе плаќаме отштети

 Двоен зијан – ем без реализирани инвестиции, ем ќе плаќаме отштети

Над 1,3 милијарди евра изнесува потенцијалната отштета што државата ќе ја плати доколку загуби во споровите во меѓународна арбитража, објави а1on.mk.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи информира дека станува збор само за основицата, без затезни камати, со кои овој износ се искачува над 1,5 милијарди евра. Битиќи неодамна брифираше дека од 2017 година па досега против Македонија се поведени осум арбитражни спорови, од кои пет се активни.

Претходно од Државниот завод за ревизија порачаа да се утврдат причините поради кои против Македонија се покренуваат арбитражни постапки и да се побара одговорност.

„Доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари (945 милиони евра и 420 милиони долари)“, наведоа од Заводот во нивниот последен Извештај.

Според извештајот, основната вредност на споровите е во вкупен износ од околу 833 милиони евра, додека пак трошоците, како што се каматите и надоместоците за адвокатски услуги, изнесуваат околу 496 милиони евра.

Повеќе на следниот линк:

Двоен зијан – ем без реализирани инвестиции, ем ќе плаќаме отштети

Share via
Copy link