Канидатот за градоначалник на Гевгелија од СДСМ, Миле Атанасов, најавува изградба на нов парк
Успешната приказна на Александар
Афионот како дел од македонската традиција се враќа на земјоделските полиња. Александар Димитриевски е доказ дека работата, идејата и вербата се главен мотив за да се успее во земјоделството. Преку поддршката и промовирањето на афион културата ги мотивираме земјоделците и го враќаме афионот на листата на значајни стратешки култури.
Го вреднуваме гласот на земјоделецот. Поддршката е од големо значење за земјоделците, но и за домашното земјоделско производство. Само со заеднички сили можеме да ги зголемиме интересите на земјоделците и да имаме квалитетно земјоделие со задоволни и успешни земјоделци и претприемачи. За сите нас тоа значи зголемено производство, зголемен извоз, но значи и егзистенција на граѓаните на Република Северна Македонија.
Во продолжение е успешната приказна на Александар Димитриевски, одгледувач и производител на масло и колаген од афион.