fbpx

Се уште трае потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Седум денови трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Ввчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат.

Од фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне.

Според полицијата, потрагата по момчето ја отежнуваат лошиот терен, милта и заматената вода.

На 16 јули во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Фото: архива

Share via
Copy link