„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:140 казни за брзо возење, приведени крадец и лице за издржување затворска казна
На 02.08.2023 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од СВР Струмица.
Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место. За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 03.08.2023 година во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц. (19) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21.30 часот во Струмица со закани кон лицето А.А. (54) му одзел пари. К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2023 година во 21.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го привеле Б.Р. (24) од Струмица, по наредба издадена од страна на Основен суд Струмица со која се барал за издржување на затворска казна, поради сторени кривични дела „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Затвор Струмица.