fbpx

Поврдени тројца мигранти, откако Босанец со „ауди“ искршил наплатна рампа и удрил во дрво

 Поврдени тројца мигранти, откако Босанец со „ауди“ искршил наплатна рампа и удрил во дрво

На 12.09.2023 во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје, соопштија денеска од СВР Струмица.

Околу 19:45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во рампа од наплатната станица Смоквица, продолжил со движење и во село Негорци удрил во столб и застанал.

Во возилото биле пронајдени 16 лица мигранти, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, а двајца со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Фото:архива

Share via
Copy link