„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов:Струмица е на врвот против семејното насилство
Денеска е 25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените.
Ова не е ден за одбележување и празнување, туку ден кој потсетува дека имаме уште работа и како одговорни градоначалници и политичари, треба да направиме се за да ја подигнеме свеста и да ги заштитиме жртвите.
Општина Струмица е на врвот во борбата против семејното насилство.
Го има првиот и единствен самофинансирачки општински Шелтер центар за згрижување на жртви на семејно насилство кој се потврди како добра практика и единствен таков пример во државата.
Има и Советувалиште за жени и деца, жртви на семејно насилство.Започнавме и со реализацијата на проектот „Куќа на пола пат“ за поддржано живеење на жени жртви на семејно насилство и нивна реинтеграција и рехабилитација.