fbpx

„Солвеј инвестмент груп не е под никакво руско влијание“-Компанијата тврди дека американската истрага не нашла докази за каква било контрола од Русија

 „Солвеј инвестмент груп не е под никакво руско влијание“-Компанијата тврди дека американската истрага не нашла докази за каква било контрола од Русија

Солвеј инвестмент груп испрати реакција по повод текстот „Колку „еко активистите“ помогнаа да се лиши западната конкуренција на Солвеј во Македонија?!“ објавен на 20.2023 на Југоинфо.мк.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Овој текст, содржи лажни, застарени и манипулативни информации. На пример:

Параграф 5:

‘Економскиот печат на Русија се протега и на други македонски компании. Од 2005 до 2015 година, компанијата Солвеј (која е официјално регистрирана во Швајцарија, но има врски со холдингот РУСАЛ на Дерипаска), го поседуваше Саса, рудникот за олово-цинк и бакар, како и Бучим, најпродуктивниот рудник за бакар и злато во земјата, пишува во извештајот.’

Оваа информација е манипулативна и е заснована на намерно погрешни интерпретации.

Солвеј инвестмент груп основана во Швајцарија нема никакви врски или конекции со холдингот РУСАЛ или со неговиот основач Олег Дерипаска.

Солвеј не е поседувана, ниту контролирана, ниту поврзана, ниту под влијание на Русија.

Независната истрага спроведена од американската фирма Seiden Law LLP и водена од искусните и почитувани пензионирани истражители на американската влада јасно го наведува следново:

Извадок од извештајот на истрагата:

– Иако има поврзаности помеѓу Солвеј, нејзиниот основач и руски бизнис ентитети и поединци, нема доказ дека Солвеј, нејзиниот основач или нејзините акционери биле порано или сега се контролирани или под влијание на руски ентитети и/или поединци на кој било начин. До денес не е најден доказ за каков било директен, индиректен, скриен, корисен или неформален сопственички интерес од руска приватна компанија, владин субјект или поединец, ниту индиција за контрола врз Солвеј или врз кој било од нејзините акционери или раководители.

Понатаму, извештајот на истрагата јасно става до знаење дека Солвеј има и продолжува да ја поддржува Украина и нејзините граѓани со хуманитарна и финансиска помош. Александар Бронштајн и неговиот син и актуелен CEO Даниел Бронштајн, не се и никогаш не биле руски државјани и немале руски пасоши. Александар е државјанин на Естонија, а Даниел е државјанин на Германија.

Методологија на истрагата

– Seiden Law LLP ангажираше услуги на високо почитувана и искусна истражителска фирма водена од поранешни специјални агенти на ФБИ. Нивната работа опфати повеќе од 80 интервјуи во три држави и прегледи на огромно количество податоци и разузнавачки податоци од разни извори и јавни бази на податоци. Интервјуата опфатија десетици сегашни и поранешни вработени во подружници, како и поединци во поширокиот рударски сектор на Гватемала, гватемалските органи за спроведување на законите и поединци во Солвеј кои биле вклучени во подружниците и во сопственоста на компанијата.

Сопствениците на СИГ и нејзиниот извршен менаџмент се крајно кооперативни и транспарентни.

Параграф 6 од текстот наведува:

‘Иако компанијата Солвеј негира поврзаност со целите на руската држава и нејзината политика, поранешниот директор на рудникот Бучим во Радовиш, Дмитриј Кудрјаков заврши на црната листа на САД за ширење руско влијание. Од Центарот за демократски студии јасно ја укажуваат и поврзаноста на Солвеј со компанијата РУСАЛ (Руски алуминиум), чиј основач е олигархот Олег Дерипаска. Компанијата РУСАЛ се основа по спојување со СУАЛ Груп (Сибирско-уралска алуминиумска компанија), која за шеф на управувачкиот одбор од 2003 до 2007 година го има Александар Бронштајн, основачот на Солвеј. Во меѓувреме, бизнис партнерот на Бронштајн, Олег Дерипаска исто така заврши на американската црна листа. Тој важи за еден од најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин и е обвинет за мешање во американските избори во 2016-тата година. За Дерипаска неодамна беа наложени и дополнителни санкции поради финансирањето на војната во Украина.’

Оваа информација е лажна и деформативна:

1. Од ноември 2022 Дмитриј Кудрјаков нема никаква функција во Солвеј инвестмент груп или во нејзините подружници.

2. На 29 септември 2023, Американската канцеларија за контрола на странски имот (OFAC) им даде лиценца на подружниците на Солвеј во Гватемала Compañia Guatemalteca de Níquel (GCN) и Compañia Procesadora de Níquel de Izabal (ProNiCo) што го отвори патот за двете подружници да ги рестартираат активностите.

3. Солвеј инвестмент груп основана во Швајцарија нема никакви врски ниту конекции со холдингот РУСАЛ или со неговиот основач Олег Дерипаска.

4. Основачот на Солвеј Александар Бронштајн се пензионира во 2020 година и не учествува во дневните активности на компанијата.

5. Александар Бронштајн не е и не бил партнер со Олег Дерипаска или со негови бизнис ентитети од 2007 година. Времињата и околностите тогаш беа поинакви. Александар Бронштајн не е на листата на Специјално означени државјани и блокирани лица (SDN) ниту во САД, ниту во ЕУ.“

Share via
Copy link