„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:Во Радовиш син се заканил со остар предмет на татка си, физички напад во верски објект
На 19.01.2024 во 14.40 часот во радовишко село, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода С.А.(33) затоа што со остар предмет се заканил на неговиот татко.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.01.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(49) од Радовиш пријавил дека околу 13..30 часот во двор на верски објект во Радовиш Џ.Н. физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.