fbpx

Костадинов им посака топло добредојде на семејства-кампери од Белгија, Финска и Швајцарија кои престојуваат Струмица

 Костадинов им посака топло добредојде на семејства-кампери од Белгија, Финска и Швајцарија кои престојуваат Струмица

-Една необично убава средба, со една необична група на луѓе која ја затекнавме во нашата убава Струмица. Секој треба да ја чувствува Струмица како своја.Топло добредојде им посакав на Пери од Белгија,Николас од Финска и Нико од Швајцарија кои заедно со своите фамилии во прошетката која трае веќе 6 месеци ја посетија и Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Уште еден доказ за туристичкиот потенцијал кој го има Струмица и за кој ветуваме дека во следниот период целосно ќе се посветиме да го развиеме и промовираме, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link