Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Полициски билтен:пронајдена дрога во Струмица, физички напади во Радовиш
Денеска (03.03.2024) во 00:30 часот во Струмица, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Т.(28) од Струмица. Тој претходно бил забележан како на локација во Струмица остава пакување со кокаин, кое било пронајдено од полициски службеници. Во службениот разговор во Полициската станица Струмица тој го признал делото. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот протиив В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (03.03.2024) во 01:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и А.К.(21), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (03.03.2024) во 01:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„22 Октомври“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(18), А.М.(18) и И.Е.(18), од една страна и А.Н.(19), С.Д.(20) и М.И.(18), од друга страна, сите од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (03.03.2024) во 01.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во близина на крстосницата од бул.„Александар Македонски“ и ул.„22 Октомври“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(18) од село Дедино, општина Конче и К.Д.(23) од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.