fbpx

Цветанка и Лефтер Андонови избрани за принцеза и принц на Струмичкиот карневал

 Цветанка и Лефтер Андонови избрани за принцеза и принц на Струмичкиот карневал

Синоќа во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености во нашиот град и своевидна увертира во утрешната интернационалната карневалска поворка од големиот Струмички карневал.

Во друштво на гости од балканските земји, како и претставници на FECC од повеќе европски земји, на чело со претседателот на FECC Ларс Алгел, на маскенбалот, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој и годинава е покровител на Струмичкиот карневал.

Маскенбалот помина во извонредно весела атмосфера, за која се погрижија водителот Игор Џамбазов и македонската поп дива Александра Јанева, а за принц и принцеза беа избрани Лефтер и Цветанка Андонови , кои вечерва ќе бидат дел од царската свита што ќе ја предводи интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал.

Осумдневните празнувања под маски ќе траат до среда, кога клучот на градот повторно ќе му биде вратен на градоначалникот Костадинов од страна на струмичките карневалисти.

Share via
Copy link