fbpx

Со овации и громогласен аплауз заврши „Концертот на добрината“ во Ново Село

 Со овации и громогласен аплауз заврши „Концертот на добрината“ во Ново Село

-Со громогласен стоечки аплауз и овации заврши хуманитарниот настан „Од децата со љубов- Концерт на добрината“  кој кулминираше по завршната маестрална изведба на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, а на кој виртуозно нѐ воведоа прецизните и воодушевувачки талентирани членови на ВИС „Стихири“ од Струмица, соопштија денеска од Фондацијата „Елуеса“ преку објава на Тивериопол.мк.

Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село беше претесен и преполн. Претесен да ја собере публиката, а преполн со емоција која може да ја разбуди само ритамот на македонскиот мелос, преку чалгиската песна и традиционалното оро. Во публиката присутни беа Митрополитот Европски г. Пимен, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, градоначалниците на Василево и Босилово, советници од општинскиот совет, пратеници.

Настанот го организираше Фондацијата „Елеуса“ која зад себе има организирано повеќе музички настани, но овој е прв од ваков вид, на приближуавање до руралните средини преку мостот на соработка меѓу ВИС „Стихири“ и учениците од насоката за традиционална музика и оро од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје. Сите средства собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за подготовка на велигденските хуманитарни пакети за жителите на општина Ново Село.

Share via
Copy link