„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: конечна дислокација на дивоградбите од долното и горното Турско маало
-Донесовме храбра и тешка одлука и горд сум на тоа.Ќе имаме конечна дислокација на дивоградбите од долното и горното Турско маало.Денеска со моите соработници и членови на Советот извршивме увид и задоволството е големо од интензитетот со кој се гради Социјалната населба – најголемиот капитален проект и од финансиски и од социјален аспект за Струмица.Во оваа прва фаза која чини 100 милиони денари коишто ги обезбедивме преку Владата на Македонија се завршени потпорните ѕидови, изведена е фекална и атмосферска канализација, поставено улично осветлување, се асфалтираат улици и поставуваат тротоари.За втората фаза распишана е јавна набавка за избор на проектант кој ќе ги проектира куќите коишто ќе бидат достоинствени домови и во третата фаза е дислокацијата на долното Турско маало, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.