Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Свечено отворено Државното првенство во Баскет-3х3 за средни училишта
Денеска во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ свечено беше отворено Државното првенство во Баскет-3х3 за средни училишта, во женска и машка конкуренција, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во коорганизација на Меѓуопштинскиот Сојуз на училишен спорт на Струмица.
Првенството за отворено го прогласи членката на Советот на општина Струмица Елена Магеровска Паликарова која во својот говор меѓу другото истакна:
-Струмица, без никакво сомнение, претставува вистински македонски спортски центар, не само според успесите на струмичките спортски клубови, туку и според фактот дека е своевиден „град-магнет“ за спортски случувања од државен карактер. Така беше во изминатиот повеќегодишен период , а така е и сега. Имено, оваа пролет, во релативно кус временски период, нашиот град беше домаќин на неколку државни првенства за основни и средни училишта во разни спортови, а еве, тоа се случува и денес. Убедена сум дека, како и досега, Струмица и овојпат ќе се покаже како беспрекорен град домаќин, рече Магеровска Паликарова.
На државното првенство во Баскет – 3х3 учествуваа средношколските екипи-победници по региони, и тоа од средните училишта: „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, „Јосип Броз Тито“ од Скопје и „Јане Сандански“ од Штип во женска конкуренција, и средните училишта „Јосип Броз Тито“ од Битола „Јосиф Јосифовски Свештарот“ од Гевгелија, „Никола Карев“ од Скопје и „Јане Сандански“ од Струмица во машка конкуренција.