„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен: струмичанец агресивно се однесувал кон лекар и медицинска сестра,физички напади во Радовиш и Дражево
На 15.06.2024 во 07.15 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Р.И.(36) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:00 часот во медицинска установа во Струмица агресивно се однесувал кон лекар и медицинска сестра.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.06.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Радовиш, Г.Т.(43) од Радовиш пријавил дека околу 18.00 часот пред неговиот дом во Радовиш бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 16.06.2024 во 01.30 часот во Полициското одделение Ново Село, И.З.(26) од село Дражево, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот во село Дражево бил физички нападнат од М.М.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.