fbpx

Општина Струмица објави јавен повик за субвенционирање велосипеди

 Општина Струмица објави јавен повик за субвенционирање велосипеди

Традиционално и оваа година Општина Струмица распишува јавен повик за субвенционирање на велосипеди.Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50 % од вредноста на велосипедот или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Денеска е објавен Јавниот повик кој ќе биде отворен до исцрпувањето на буџетот, но не подоцна од 30 дена од објавување на јавниот повик.

Повеќе на следниот линк:

https://strumica.gov.mk/javen-povik-velosipedi-2024

Share via
Copy link