fbpx

Во Југоистокот големи пожари на Огражден, над Радовиш и во Гевгелиско

 Во Југоистокот големи пожари на Огражден, над Радовиш и во Гевгелиско

РЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал на ден 10.07.2024 година во 15:20 часот над село Бадилен (Општиа Ново Село) се уште е активен во кој гори дабова и борова шума но југозападната страна на пожарот е ликвидирана но во непристапни долови сеуште тлее и догорува напластен сув материјал. Во текот на вчерашниот денот дејствуваа ТППЕ Струмица со 7пожарникари со 2 теренски возила, ловното друштво 1лице, 4 авиони, ПС Дојран со 4 полицајци и 1 глисер. Во текот на денешниот ден во раните утрински часови повторно ке излезат со 4 пожарникари на терен.

Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец(Општина Гевгелија) кој започнал на ден 12.07.2024 година е активен, но со намален интензитет. Изгорена е површина со ниска вегетација, смрека, прнар и даб на површина од околу 100 ха. Поради специфичноста и недостапноста на теренот, истиот се следи од страна на 3 пожарникари со 1 теренско возило од ТППЕ Гевгелија и 20 вработени во ЈПНЦ-подружница – Кожув“ Гевгелија. Еден крак од пожарот е активиран и гори мешана нискостеблеста шума према с.Серменин. ЈПНШ- подружница Кожув и ТППЕ се вратени од терен и денес изутрина повторно ке се договорат за дејствување.

Пожар во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица кој започна вчера од 16:20 часот, каде гори ниско стеблеста и борова шума . На терен се излезени 2 пп возила со 15 пожарникари од ТППЕ-Радовиш, ПС Радовиш со 1 возило и 2 полицајци, сканиа, ФАП, 2 џипа од ЕЛС Радовиш.

Share via
Copy link