fbpx

ЦУК: Изгаснат е пожарот кај Карбино и три во валандовско

 ЦУК: Изгаснат е пожарот кај Карбино и три во валандовско

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека е изгаснат пожарот кај местото Карбино (ЗИК Слобода) кон селото Владевци, каде на голема шовршина гореше нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки.

Исто така изгаснати се три пожари во валaндовско: село Казандол, место Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева), и во село Удово (стрниште и сува трева).

Share via
Copy link