„Планетум“ го заврши проектот “ Чист воздух, едуцирај и делуваj”
Фондацијата „Заев“ – спонзор на фестивалот „Охридско лето“
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ останува верен поддржувач на традиционалните културни манифестации кои ги презентираат врвните македонски и светски културни вредности, а со тоа ја афирмираат Република Северна Македонија во меѓународни рамки, позиционирајќи ја високо на европската и светска културна мапа. Без сомнение, врвот во севкупната македонска културна понуда го држи фестивалот „Охридско лето“, кој годинава се одржа по 64-ти пат.
-Нашата фондација, во улога на партнер на „Охридско лето“, го спонзорираше фестивалот, давајќи свој придонес во одржувањето, развојот и зајакнувањето на неговото реноме. Една грандиозна и уникатна културна манифестација како „Охридско лето“, која претставува наша македонска гордост, ја заслужи пријателската поддршка од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, стои во објавата на Фондацијата.
Инаку, Фестивалот „Охридско лето“, член на Европската Асоција на Фестивали (EFA), низ 40-те фестивалски денови од своето овогодишно издание, презентираше богата програма од околу 50 содржини: концерти, театарски претстави, изложби и други уметничко-сценски настани, на кои настапија преку 500 врвни уметнички имиња од целиот свет.
-Нека се множат уште многу успешни фестивалски изданија. Нека „Охридско лето“ биде и во иднина цврст мост на културата кој ги поврзува светските меридијани и Северна Македонија, седодава во соопштението од Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.