Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Четири детски екипи од Брера Струмица на силниот меѓународен турнир ,,Трофеј на Радомир Антик“ во Ужице, Србија
Четири екипи од младинските погони на Брера Струмица ќе учествуваат на силниот меѓународен турнир ,,Трофеј Радомир Антиќ“ во Ужице Србија кој вечерва со пренос на Арена спорт во 20 часот и официјално ќе биде отворен.
Струмичкиот прволиогаш ќе биде преставен од најмладите и тоа генерација 2016 предводен од Никола Костадинов, Томе Христов генерација 2015, Кире Ангеловски генерација 2014 и Љупчо Пенев со генерацијата 2013.
На четвртото издание на турнирот ќе учествуваат екипи од вкупно 14 држави од Европа и тоа четири генерации и тоа Словенија, Австрија, Босна, Романија, Црна Гроа, Македонија, Хрватска, Грција, Украина, Словака, Унгарија, Полска, Италија и Србија и преставува еден од пореномираните турнири од ваков калибар на овие простори.
-Учеството на вакви турнири значи многу за нашите деца, пред се да стекнат нови искуства пријателства но и да го почуствуваат тој натпреварувачки дух на меѓународна сцена. Ова ни е прво учество и верувам дека ќе се покажеме во најдоборо светло. Овие генерации имаат потенцијал имаат квалитет и верувам дека на крајот ќе се радуваме, вели координаторот на младинските школи Борче Постолов