Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Струмица одбележа 80 години од ослободувањето
Денес се навршуваат 80 години од Денот на ослободувањето на Струмица -11 Септември 1944 година. По тој повод, во рамките на свеченостите организирани од Општина Струмица, на Спомен костурницата се одржа пригодно одбележување на празникот.
За историографијата и значењето на денешниот празник зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов кој меѓу другото истакна:
-Денес со гордост можеме да констатираме и гласно да кажеме дека Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели осум децении. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој ни ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода некои ја извојувале, со непокор, со верба, со љубов и пролеана крв. Токму затоа, 11 Септември е ден кој мора да се почитува, 11 Септември е празник достоен за празнување, истакна Костадинов.
Свеченоста продолжи со положување свежо цвеќе и пригодна празнична програма.