Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Децата денеска беа во светот на Римјаните во Римската терма во Банско
НУ „Завод и музеј Струмица“ во соработка со Хотел „Цар Самуил“ денеска организираше настан “Децата во светот на римјаните”, на кој присуствуваа ученици од петто одделение од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица предводени од нивната учителка Слоботка Појразовска.
По кусата видео презентација во ВИП салата на Хотелот „Цар Самиул“ се упатија кон Римската терма облечени во наметки од римско време, со автентичен накит и фризури.
-Децата во рамките на работилницата имаат можност преку презентација да се запознаат со секојдневното живеење во римскиот период. Втора фаза на работилницата е посета на локалитетот со запознавање на историјатото на архитектурата од тој период и на крајот завршуваме со работилнции за изработка на мозаик, оружје во римски стил и изработка на накит. Дел од работилницата е наша презентација на храна од римскиот период, рече Зорица Костадинова, од НУ „Завод и музеј Струмица“.
Мима Ангелова, директорка на Хидро термалниот центар „Цар Самуил“ истакна дека се во постојана соработка со НУ „Завод и музеј Струмица“ и во моментот се работи на повеќе заеднички проекти.
-Имаме заедничка цел за заштита на ова наше културно богатство и секогаш сме подготвени да одговориме на нивните барања, посебно кога се работи за најмалите и нивната едукација, рече Ангелова.