fbpx

Полициски билтен:обид за кражба на низи со тутун, физички пресметки во радовишко

 Полициски билтен:обид за кражба на низи со тутун, физички пресметки во радовишко

На 27.10.2024 во 00.15 часот во село Конче, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.А.(38) од село Сопурге, радовишко, поради сомнение дека на 26.10.2024 околу 20.00 часот во село Конче,  откако се обидел да изврши кражба на низи со тутун сопственост на К.У.(31) од село Конче, физички го нападнал сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.10.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Радовиш Б.С.(55) од село Покрајчево, радовишко, пријавил дека околу 08.00 часот во с. Покрајчево бил физички нападнат од В.Г. и И.Г. од истото село. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

На 27.10.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Радовиш Н.Т.(20) од Радовиш, пријавила дека околу 11.15 часот на регионален пат кон планина Плачковица била физички нападната од Ш.Д. од село Коџалија, радовишко. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.10.2024 во 02.00 часот во Полициската станица Радовиш С.М.(19) од Радовиш пријавил дека околу 01.20 часот во с. Подареш, радовишко, бил физички нападнат од К.В. од истото село. Полициската станица Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link