Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полицијата сомничи струмичанец за обљуба врз жена со која живеел вонбрачно
Вчера во 18:45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, заради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница, соопштија денеска од полицијата.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.