Поставени прочистувачи на воздух во основни училишта и градинките во Струмица донација од Владата
Пожарникарите транспортираа повреден велосипедист по пад во провалија на планината Беласица

Денеска ТППЕ Струмица со тим од 4 пожарникари-спасители и едно теренско возило учествуваше во транспорт на повредено лице од местото „Ѓаволски мост“ на планината Беласица.
-Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлено до село Борисово каде е преземено од возило на брза помош и предадено во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.