fbpx

Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво

 Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво

На 23.11.2024 на подрачје на Струмица полициски слуижбеници од СВР Струмица извршиле контрола над патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(47) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(41), патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Д.(44) од село Пиперево, струмичко, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(36) од с.Ѓечерлија, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(28) од Струмица. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршеле јавен превоз без да поседуваат соодветна лиценца.

Истиот ден и полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш на подрачје на Радовиш извршиле контрола над патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(26) од село Добрејци, општина Василево, патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од О.Б.(29) од село Моноспитово, општина Босилово,  патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К.(34) од Струмица  и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(23) од село Радово, општина Босилово. При контролата било утврдено дека и овие лица со возилата вршат јавен превоз без да поседуваат соодветна лиценца.

По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link