СВР Струмица со апел до граѓаните за новогодишните и божиќните празници
Загина градежен работник од тетовско
Вчера околу 11:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на ул.„Братство Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото, соопштија денеска од СВР Струмица.
Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.