20 годишно момче излетало од коловозот на магистралниот пат Радовиш – Струмица

 20 годишно момче излетало од коловозот на магистралниот пат Радовиш – Струмица

На 23.12.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Share via
Copy link