Kривични пријави против петмина вработени во Национални шуми и двајца управители на фирми
ПОЕТОТ МИТКО ГОГОВ Е НОВ ЧЛЕН НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски.
Неговата најнова книга „Бог на ба(к)терии“ е во конкуренција за наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка објавена од член на Друштвото на писателите на Македонија во 2024 година.
Митко Гогов е роден 11 ноември 1983 година во Скопје. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Автор е на поетските книги „Ледена вода“ (2011) и„ Скриено писмо“ (2019) издадени преку издавачката куќа „Антолог“ и „Линијар.Бројки“ (2021) и „Бог на ба(к)терии“ (2024) во издание на Макавеј од Скопје. Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „Енахалон“ на Струшките вечери на поезијата, наградата „Анџело Ла Векија“ во Сицилија, Италија, наградите на „Поетски литературни искри“,„Поетски слем“ во Прилеп, „Струшки бранувања“ во Струга, Македонска книжевна авангарда 2020 година и многу други.
Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, Тајван, Египет, УСА, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија…
Претседател е на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, основач на наградата „Антево слово“. Концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија…
Организира културни и арт-настани, соработува со младински, арт, филмски и театарски фестивали.