Полициски билтен: Физичка пресметка во Калково, валандовско, физички напади во Радовиш и Струмица
На 07.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Калково, валандовско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(35) и С.К.(30), од една страна и Е.К.(33) од друга страна, сите од село Калково. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.01.2025 во 23.55 часот во Полициската станица Радовиш, Ј.С.(34) од Радовиш пријавил дека околу 23.20 часот на ул. „Плачковица“ во Радовиш бил физички нападнат од Д.Ј. и А.Ј., двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.01.2025 во 23.50 часот во Полициската станица Струмица, Ф.М.(42) од Струмица пријавил дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица тој и неговите синови биле физички нападнати од Б.Д., С.Д. и Ф.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.