Уапсен радовишанец, се сомничи за тешка кражба во продажен објект
Вчера во 08:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 02:00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш.
Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по негово документирање против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: илустрација архива