Казна од 9.000 евра за компанија која согорувала отпад од целулоза

 Казна од 9.000 евра за компанија која согорувала отпад од целулоза

-Согласно Извештаите за спроведени активности од страна на општинската инспекторка за животна средина на општина Струмица на ден 06.03.2025 година – Четврток извршени се четири контролни инспекциски надзори и еден вонредни инспекциски надзори. Вонредниот инспекциски надзор е извршен кај правен субјект каде на лице место е затекнато согорување на отпад од целулоза спакуван во најлонски вреќи, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Согласно Законот за управување со отпадот и член 37 став 4 истото е забрането, поради тоа на правниот субјект од страна на инспекторката за животна средина ќе му биде издаден прекршочен платен налог за правен субјект во висина од 9000 евра и прекршочен платен налог за одговорно лице во правниот субјект во висина од 500 евра, се наведува во објавата на Костадинов.

Додава дека Инспекциските служби на општина Струмица уште еднаш апелираат до сите правни субјекти како и физички лица да не согоруваат отпад, целта не е да се казнуваат истите но очигледно апелите не допираат до секого, па поради тоа за таквите затекнати прекршоци ќе следуваат и соодветни казни.

Општина Струмица ќе продолжи и понатаму вонредните инспекциски надзори да ги објавува јавно на официјалната страна на општината, како и тоа дека ќе продолжи соработката со ТППЕ Струмица и активирањето на дронот во текот на денските и ноќните часови.

Share via
Copy link