Костадинов: По 30 години од кога е изградена се реконструира Градската капела во Струмица
Костадинов на средба со францускиот амбасадор
радоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата држава, Кристоф Ле Риголер.
На средбата разговараа на повеќе актуелни состојби во општината и државата, а акцентот беше ставен на функционирањето на општина Струмица, предизвиците со коишто таа се соочува и како ги надминува, нејзините препознатливи заложби и визионерски политики како што е јавниот електричен превоз и урбаната мобилност, игнорантскиот однос на централната власт кон Струмица и нејзините граѓаните кој се отсликува преку незавршени и неподдржани проекти без објаснување.
Градоначалникот Костадинов на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му ја потврди европската визија и силната желба за интеграција во европското семејство, а двајцата ги поздравија пријателските односи и желбата за продлабочување на соработката.