Костадинов: По 30 години од кога е изградена се реконструира Градската капела во Струмица
-Со овој градежен зафат којшто го реализираме со ЈПКД „Кмуналец“ се врши комплетна замена на старите салонитни плочи со нови термо панели, замена на дрвената конструкција, како и поставување нови олуци, термо и хидроизолација. Со цел да се подобри нејзината заштита, се врши и санација на калканските ѕидови, се инсталира и нова громобранска заштита, а се санираат сите внатрешни површини од претходните протекувања, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Реконструкцијата започна во месец ноември минатата година, досега се реализирани 85 проценти од планираните активности, а кои целосно треба да завршат во месец мај. Реконструкцијата на Градската капела чини 6 милиони денари.Моите сограѓани го заслужуваат најдоброто од мене и од општина Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.