Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Струмица се прости од музичарот Џоко Ѓоргиев

Денеска на гробиштата во Струмица беше погребан младиот музичар, Џоко Ѓоргиев (25), кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 овој месец. Тој таму настапуваше како тапанар на групата ДНК.
Во ОМУ „Боро Џони“, каде работеше Ѓоргиев денеска се одржа комеморативна седница, а за него говореше директорката на училиштето, Клара Патарова.
-Надвор од оваа просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето и токму со твојата се присутна енергија што ја ширеше, сега црпиме сила да го прифатиме она што не може да се промени, истакна Патарова.
На комеморацијата присуствуваа членови на семејството, колеги, музичари и граѓани, а попладнево во 15 часот беше извршен погребот.