Костадинов:На Старата чаршија во Струмица се воспоставува сообраќаен режим „Зона 30“
Костадинов:На Старата чаршија во Струмица се воспоставува сообраќаен режим „Зона 30“
-Со цел подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, смирување на сообраќајот, како и зголемување на видливоста на трговските објекти, на просторот на Старата чаршија се воспоставува сообраќаен режим „Зона 30“, со максимално дозволена брзина од 30 km/h, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Паралелно со воведувањето на мерки за смирување на сообраќајот, се обележува и велосипедска патека заштитена со сообраќајни делинеатори. Оваа улица има широчина од 7 метри, при што паралелното паркирање зафаќа 2 метри, коловозната лента за движење на возила 3,5 метри, а велосипедската патека 1,5 метри, со вклучени заштитни делинеатори.Граѓаните кои укажуваат дека овој режим на сообраќај го оневозможува косото паркирање треба да имаат предвид дека косото паркирање на Старата Чаршија е забрането од СВР Струмица уште од 2014 година, кога беше воспоставено паралелното паркирање како единствено дозволено и означено со хоризонтална и вертикална сигнализација.Сообраќајниот режим „Зона 30“ за улицата Маршал Тито е одобрен од сите началници на СВР Струмица во периодот од 2021 до 2025 година, и тоа:- со Согласност бр. 23.26.5-4533/1 од 16.07.2024 година-Согласност бр. 22.26.5-3591/2 од 04.07.2022 година- Согласност бр. 22.26.5-6529/2 од 04.01.2021 година, објаснува Костасдинов.
-Лично сметам, а верувам дека и мнозинството граѓани ќе се согласат, дека Старата чаршија има поголема вредност како урбан простор отколку како обичен паркинг за возила. Затоа, ги замолувам сите граѓани да му дадат шанса на сообраќајниот режим „Зона 30“, кој, според анализите на сообраќајните инженери, ќе придонесе за создавање на побезбедна, попријатна и пофункционална Стара чаршија. Доколку овие согледувања на стручните служби се потврдат и во пракса, Општина Струмица во наредниот период ќе вложи значителни средства за целосно инфраструктурно ремоделирање на улицата според воспоставените параметри.Ги повикуваме сите граѓани да го почитуваат сообраќајниот режим „Зона 30“ и заеднички да придонесеме кон побезбедна и поатрактивна Струмица. Старата чаршија има поголема вредност како урбан простор отколку како паркинг за возила.Дополнително, доколку на било кој начин некои сограѓани имаат резерви во самиот проект кој мнозинство сограѓани го поддржуваат а притоа имаат аргументи кои ќе докажат дека ограничувањето на брзината и велосипедската патека ќе наштети на духот на старата чаршија сум спремен и да се променат околностите но во согласност со донаторот односно ЕВРОПСКАТА УНИЈА и со изведувачите.Одлуките за велосипедските патеки и трасите се донесени со консензус од сите членови на советот на општина Струмица, напиша Костадинов во објава на неговиот фејсбук профил.