Костадинов: Струмица гради мрежа на сензорски монитори за откривање на загадувачите на воздухот

 Костадинов: Струмица гради мрежа на сензорски монитори за откривање на загадувачите на воздухот

-Нашата Струмица гради мрежа на сензорски монитори за откривање на загадувачите на воздухот каква што имаат изградено повеќе од 90 светски метрополи како Лондон, Париз, Хелсинки, Барселона, Милано, Лос Ангелес, Сан Франциско, Сиднеј, Ванкувер и многу други.Уште еднаш потврдуваме дека здравјето на граѓаните и чистиот амбиентален воздух се и ќе останат наш приоритет, об јави градоначалникот Костадин Костадинов.

-По електричниот јавен превоз и велосипедските патеки, со овој иновативен проект докажуваме дека сериозно се вложуваме во намалувањето на загадувањето на воздухот во Струмица.На 6 локации се поставени сензорски монитори за откривање на изворите на загадувањето на воздухот. Што значи ова?Ова значи дека секој граѓанин на општина Струмица од денеска е инспектор и ќе може да следи концентрации за РМ2.5 честички од сензорските монитори, а оваа апликација ќе биде имплементирана и во Инспекциските служби на општина Струмица, каде деноноќно ќе се следи загадувањето на воздухот, и ќе можат брзо да реагираат за да ги санкционираат несовесните загадувачи. Нашата мрежа постојано ќе се проширува и надоградува со нови локации и со проширување до сите населени места. Им благодарам на граѓаните и на невладинте организации кои го креваа гласот против аерозагадувањето и заедно баравме решенија за чист воздух во Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link