Приведена гевгеличанка-побегнала од Затворот „Идризово“

 Приведена гевгеличанка-побегнала од Затворот „Идризово“

МВР соопшти дека вчера во 21:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија. Таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. 

Share via
Copy link